Признание за Владимир Четкар од Индонезија

Македонска

Настапот на познатиот македонски џез музичар Владимир Четкар на еден од најголемите музички фестивали во светот “Џава џез – фестивалот” во Џакарта, Индонезија предизвика огромен интерес во Индонезија и пошироко откако фестивалот на својата официјална веб-страница ударно го најави концертот на македонскиот артист рамо до рамо со музичката легенда Чик Кореа.

Издвојувањето на концертот на Четкар од богатата музичка програма на фестивалот воедно претставува важно признание за неговата музика и кариера особено што на фестивалот оваа година ќе настапат голем број на светски музички ѕвезди меѓу кои Ричард Бона, Инкогнито, Ди Ди Бриџвотер, Артуро Сандовал, Стенли Џордан, Бебел Жилберто и многу други.

Подготви: Филип Етмисовски

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели