Музика на кирилица

Ексклузивно: Само уште еден ден до роденденот на нашиот Тоше (Видео)

Утре 25-ти јануари, ќе биде одбележан 32-от роденден на Тоше Проески, пејачот со ангелски глас, кој постави нови критериуми за квалитетна музика во Република Македонија и пошироко, на целиот Балкан. Тоше трагично го загуби својот живот во сообраќајната несреќа која што се случи во Нова Градишка, на 16-ти октомври 2007-та, кога имаше само 26 години.

Инаку, на само два дена пред одбележувањето на триесет и вториот роденден на прерано згаснатиот живот на македонската легенда Тоше Проески, вчера попладнето во јавноста се појави и негова нова песна. Станува збор за песната “Све је ово премало за крај”. Песната е снимена во 2006 година, автор на текстот и музиката е Јелена Трифуновиќ, додека пак аранжманот е на Никша Братош.

Во продолжение, ексклузивно преслушајте ја песната на само еден ден до нејзиното официјално промовирање.

Подготвија: Маринела Каранфилоска и Васе Петреска

Можеби ќе ве интересира: