Музика на кирилица

Сара Мејс ја отпеа роденденската песна за “Поточиња 2018” (Видео)

Јубилејното роденденско 15-то издание “Поточиња 2018” ќе се одржи на 24-ти и 25-ти март во Македонска опера и балет. На репертоарот се закажани претстави од 11:00, 13:00 и 19:00 часот. Билетите се во продажба на Билетара на МОБ, Југотон и онлајн на www.jugoton.mk. Незаборавна роденденска забава за сите најмали и најмили дечиња.

Во продолжение слушнете ја роденденската песна која ја отпеа Сара Мејс со хорот на фестивалот. “Гласот на децата” e темата која Сара Мејс и “Поточиња” ја обработуваат и им порачуваат на возрасните дека чиста планета ни треба најмногу.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: