Сашко Сале Андриески порачува: “Зошто да ти верувам” (Аудио)

Македонска

Неодамна познатиот македонски поп-рок пејач и музичар Сашко Сале Андриески познат како Сале рокер сними нова песна. “Зошто да ти верувам” е насловот на новата песна за чии текст се погрижи заедно со познатиот македонски тесктописец Огнен Неделковски, додека пак како специјален гостин во истата се појавува лидерот на легендарните “Дивље Јагоде”, еден од најдобрите гитаристи на Балканот, Сеад Зеле Липовача. Снимањето и продукцијата се одвиваше во студиото “Ристовски”, а како нејзин тон мајстор и продуцент се потпишува Драган Ристовски.

Тој во интервју за еден македонски портал ја открива тајната, инспирацијата и идејата за создавањето на оваа нова песна.

“Инспирацијата за оваа нумера дојде спонтано. Идејата ми дојде при едно гостување во Србија кај мојот пријател Слоба, македонец кој има студио во Земун. Во истиот момент кога ја добив идејата, влегов во студио и го снимив демото”, вели Андриески. Инаку станува збор за интересна рок балада која што потсетува на најдобрите балади на “Рибља чорба” и “Дивље Јагоде”, а сепак е тема која е лесно препознатлива, певлива и има сопствен музички идентитет.

Што се однесува до новиот албум кој што Сале го најавува со излегувањето на оваа песна, тој за сето тоа вели:

“Се надевам дека конечно ќе го завршам албумот оваа година, бидејќи мислам дека е редно време да го завршам после цели седум години работа на него и мислам дека може да влезе во Гинисовата книга на рекорди како најдолго сниман албум. А, публиката нормално може да очекува добри рок’н’рол песни кои се помалку ги има на овие простори”, изјавува познатиот музичар.

А во продолжение, Ви предлагаме да ја преслушате најновата песна “Зошто да ти верувам”. Уживајте!

KONECNO NESTO NOVO OD MENE

Posted by Sasko Sale Andrieski on Mittwoch, 5. April 2017

Подготви: Иван Јосимовски

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели