Сефедин Бајрамов наскоро со две нови песни

Македонска

Македонскиот изведувач на серенади и народни песни, Сефедин Бајрамов, наскро ќе промовира две нови песни од забавната музика.
Имено Бајрамов одлучил некое време да паузира од серенадите и народните песни и повторно да издаде неколку забавни нумери.

Првата песна која ќе биде промовирана на 6 септември на фестивалот “Охридски трубадури“ е насловена “Соколи мои“. Музиката и аранжманот се на Мусо Осамановски а текстот на Валентин Соклевски.

Втората доминатно забавна песна е насловена “Еден ден ќе ме бараш ти “ се очекува да се промовира на крајот на годината. Автор на музиката е Марјан Нечак а автор на текстот е Огнен Неделковски.

Подготви: Филип Етмишовски
Извор: Тера телевизија

 

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели