0

Секоја чест: Кралицата на ромската музика целиот имот го остава на Р.Македонија

Македонска

Во тестаментот на кралицата на ромската музика Есма Реџепова стои дека целиот свој имот таа го остава на Македонија затоа што нејзината кариера и пари биле направени токму од народот. Ова во интервју за Радио Слободна Македонија го изјави Зорана Костовска, нејзина најблиска соработничка.

“Години и години говореше дека сака да го остави нејзиниот дом на културата и хуманоста и тоа го исполни. Вчера се отвори тестаментот на Есма Реџепова Теодосиевска во кое јасно и гласно стои дека сиот имот и го поддрарува на државата. Таа го исполни своето ветување. Есма многу ја сакаше Македонија и Македонија ја сакаше Есма. Никогаш, каде и да одевме низ светот Македонија не ја изоставуваше од своите изјави, интервјуа. Во срцето ја носеше македонската песна, душа и мисла. Знаеше да каже дека е горда на својат Македонија. Затоа Есма сиот свој имот и го подари на Македонија”, вели Костовска во интервјуто.

“Нејзиниот коментар беше: Моите пари се направени од концерти. Луѓето купувале карти, плаќале и пак нека биде тоа на мојот народ. Тоа беше нејзината порака”, додава таа во интервјуто.

Подготви: Марија Поповска

Коментари

коментари

Leave a Reply

Your email address will not be published.

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели