Скандал: Внуците на Есма реагираат на објавениот тестамент

Македонска

Пред неколку дена во емисија во Радио Слободна Македонија, блиската соработничка и претседателка на хуманитарното здружение “Кралица Есма и Стево Теодосиевски”, Зорана Костовска изјави дека Есма и го остава целиот свој имот на Република Македонија. Се работи за куќата на Кале од 860 квадрати и за авторските права од богатата музичка ризница на ѕвездатa, пишува Фокус. Набргу по соопштението за тестаментот, на својот Фејсбук профил се огласи Васка Јанковска, блиска пријателка на Есма и долгогодишен член во музичката екипа на Горан Бреговиќ, и обвини дека се сомнева како тестаментот е лажен и како Есма има фамилија.

“Јас бев многу блиска со Есма, затоа и си зедов за право да реагирам. Есма има многу внуци од своите сестри и браќа, на сите им помагаше цел живот, се грижеше за нив. Тие веќе ангажираа адвокати и ќе се борат за своите права. Како нејзини блиски крвни роднини, сметам дека ним им припаѓа куќата и не верувам дека Есма оставила тетстамент во кој што се и поклонува на државата. А околу авторските права, со сигурност можам да кажам дека Симеон Атанасов, кој што беше покрај Есма за време на нејзините концерти и настапи и се грижеше за нејзината кариера, треба да ги добие сите права. Не знам од каде излезе тестаментот, но не верувам дека Есма би потпишала такво нешто. Постојано бев покрај неа, знам дека таа сакаше да им остави имот на внуците, се грижеше за нив. Ако некој смета дека ова што го зборам не е вистина, јас можам да одам и на суд и да кажам многу нешта, бидејќи знам многу работи за Есма кои што таа лично ми ги кажала, но и како нејзина пријателка гледав што и се случува во последните години од животот”, изјави Јанковска додавајќи дека проблемите се помеѓу внуците од сестри и браќа на Есма и помеѓу хуманитарното здружение, а не помеѓу нејзините посвоени деца. Реџепов Аднан, внук од брат на Есма, кој што живее во Германија потврдил дека сепак, семејството ќе си ги бара своите права.

“Моментално сум на работа, но во тек на наредните денови ќе ви ги дадам сите потребни информации околу настаните со тестаментот”, изјавил тој. Есма почина на 11 декември минатата година на 73 годишна возраст, по кратко и тешко боледување.

Подготви: Марија Поповска

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели