Слаткаристика ја освојува Бугарија – нова соработка со бугарска мега ѕвезда (Видео)

Најактуелниот македонски хип-хоп артист кој продолжува агресивно да го освојува бугарскиот музички пазар, вчера попладне го објави новиот проект на социјалните мрежи. Нова песна и видео запис со наслов “Квартални џентлмени”, проект изработен заедно со бугарската мега ѕвезда Графа, познат на македонската јавност по балканскиот хит “Дим да ме њама”.

Музиката и аранжманот се потпишани од Графа, како автори на текстот се потпишуваат Стефан Валдобрев и Слаткаристика. “Квартални џентлмени” е со свеж rock’n’roll и boogie звук, и мелодичен хип-хоп ритам со авторско римување на Слаткаристика. Овој високо буџетен видео запис е авторско дело на познатиот режисер Валери Милев. “Квартални џентлмени” е проект кој изобилува со многу саркастични сцени, самоиронија и хумористичен текст.

Подготви: Редакција Музика24

Повеќе на Музика24...