Слаткаристика одржа одличен концерт во Софија (Фото)

Македонска

Слаткаристика во саботата го одржа најавениот концерт во концертната сала од клубот “Mixtape 5”, во Софија. Капацитетот на салата беше исполнет, а нашиот хип-хоп артист се претстави одлично, правејќи концерт за паметење. Како дел од неговиот настап беа DJ Оки Доки, Нико на тапани и Аце НЛ, а специјален гостин на концертот беше Ицо Хазарта, од култниот “Апсурт”.

Бугарските медиуми Слаткаристика го претставија како светски артист, а неговиот настап го споредуваа со концертите на големите светски ѕвезди. Публиката повеќе и од задоволна се забавуваше и ги пееше сите песни со Слаткаристика.

Slatkaristika_sofijaИзминатата недела Слаткаристика во Софија гостуваше во повеќе телевизиски емисии и даде 7 интервјуа за печатени и интернет медиуми. Исто, за време неговиот престој таму тој сними и видео запис за првата, музичка соработка со бугарски хип-хоп артисти познати како “Young BB Young”. Песната е насловена како “Таа има маж”, а заедно со спотот ќе биде промовирана пред македонската и бугарската публика на почетокот на месец март.

Slatkaristika_zlatna buba maraОд Иноватива Груп велат дека ова е само почеток за Слаткаристика затоа што овој артист буди голем интерес од публиката како и од медиумите во соседна Бугарија. Тој со неговата музика ги пробива музичките границите и од него ќе следуваат уште многу новитети, како во Македонија, така и надвор од нашата држава. Додека пак на домашна сцена, Слаткаристика е добитник на Златна Буба Мара за најгледан видео запис за 2014-та година за познатиот хит “Дими Џам” кој на You Tube за само 8 месеци е прегледан повеќе од 1.630.000 пати.

Подготви: Редакција Музика24

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели