Случајност или не: Сузана Гавазова “позајмила” позната турска песна? (Видео)

Македонска

Нашата позната фолк пејачка Сузана Гавазова е една од најпосакуваните на македонските забави, прослави и новогодишни програми кои моментално секојдневно се снимаат и реализираат. Таа зад себе има навистина голем број на познати хитови, меѓу кој ќе го споменеме и добро познатиот хит “Докторе”, песна за која што редакцијата на музичкиот портал Музика24 во текот на денешниот ден доби интересни информации.

Имено, оваа песна која што нашата Гавазова ја објавува во 2012-та година, е веќе објавена и отпеана од познатата турска пејачка Kibariye и нејзината позната песна “Yanayım, Yanayım” (Горам, горам) е објавена во 2010-та година на нејзиниот албум насловен: “4 Mevsim” (4 годишни времемиња). Дали станува збор за случајност, плагијат или пак соработка помеѓу музичарите чие дело е оваа песна навистина незнаеме. Но како и да е, преслушајте ги двете песни во продолжение и пронајдете ја разликата.

Подготви: Андреја Андреевиќ/Мартин Николовски

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели