0

Што тоа Марио “Чека да помине”? (Видео)

Македонска

“Чекаме нека помине” е новата песна на кумановскиот поп пејач Марио Арангеловски. Тој открива дека песната е од поранешен датум, но сега нашле за згодно да ја промовираат. Автор е Роберт Билбилов.

“Песната е снимена уште пред година и пол кога излегов од македонското ТВ реално шоу каде и што го запознав Роберт и се договоривме да правиме песна. Планирам и видео спот, но прво сакам да слушнам реакции од аудио верзијата”, вели Марио. Тој има само 21 година и студент е по Социологија на Филозофскиот факултет во Скопје. Зад себе има повеќе музички натпревари и учество во две реални шоуа, едно во Македонија и едно во Србија.

Во продолжение погледнете го неофицијалното видео за оваа песна, односно, изведбата на оваа песна во тв емисијата “Урбан таг” на ТВ21.

Подготви: Влад Петров

Коментари

коментари

Leave a Reply

Your email address will not be published.

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели