Тања Кокев задолжена за костимите за големиот концерт на Дуке Бојаџиев

Македонска

Нашата еминентна дизајнерка Тања Кокев заедно со нејзиниот креативен тим, ќе се погрижи за изгледот на костимите на Дуке Бојаџиев и пријателите, по повод на концертот кој ќе се одржи на 20-ти февруари во арената “Метрополис”. Токму за оваа пригода, дизајнерката Тања Кокев изјави:

“Особено се радувам што конечно го запознав Дуке, музичар кој го ценам одамна и се надевам дека ќе придонесам да се чувствува пријатно и “во своја кожа” на сцена. Неговата музика е комплексна, има традиција во основата, но значителна модерна надоградба, па тоа беше присутно и во основата на мојата креација за него. Се работи за човек кој во себе носи и лежерност на уметник, а појавност на ѕвезда, па тоа ми беше во позадина цело време. За неговите “пријатели”, пак, исто така беше предизвик да се осмисли костимографијата, бидејќи се работи за јаки личности со сопствен уметнички израз, но кои овој пат припаѓаат на уникатен спој на музичари. Се обидов да го следам стилот на секој од нив, комбинирајќи го со своето лично видување и со идејата за овој музички настан. Се надевам дека направив приказна подеднакво уникатна како и музиката на која ќе и служи”, изјави еминентната и позната македонска дизајнерка Тања Кокев во врска со веќе најавениот концерт на Дуке Појаџиев и пријателите.

Подготви: Редакција на Музика24

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели