Тијана Дапчевиќ наскоро со нова хит песна

Во првото студиско издание на тв шоуто “Вечер со Тијана” кое што се емитува на новата 1ТВ чиј автор и водител е познатата македонска поп пејачка Тијана Дапчевиќ, сосема неочекувано во разговор со гостинката познатата поп пејачка од Србија Марија Шерифовиќ, нашата Тијана откри дека деновиве после една година пауза и чекање добра и квалитетна песна, ќе влезе во студио и ќе ја сними новата песна чиј автори се Лазар Цветковски и Милан Милетиќ кој е автор на текстот. Видеото ќе биде во продукција на БМЈ Груп, односно, 1ТВ и се очекува истото да биде реализирано во средината на месец мај. А песната чиј наслов е “Километри” ќе биде промовирана на 25-ти мај – Денот на младоста.

Подготви: Марија Поповска

Повеќе на Музика24...