Музика на кирилица

Токсиколози во “најсељачко” издание досега (Фото)

“Се договоривме да се сликаме со цел за да ја извадиме нашата нова песна, ама на крај си отидовме со снимен спот”, изјавуваат Токсиколози за интересната ситуација која е прикажана на фотографиите. Иницијативата е на самиот снимател кој имаше улога на спонтан режисер за видеото, креативниот Кристијан Теодоров – Кики, човекот со кој Токсиколози ги имаат снимено сите нивни видеа.

Видео записот е за песна која го носи насловот “Сељаци (во центар)”, тема од хумористичен карактер во која се исмејува “сељачкото понашање” специфично за простотилукот во центарот на градовите. Музиката е на диџеј Номадуз, аранжманот на Марко Наумовски, а за стајлингот на Токсиколозите се погрижи самата ситуација. Видео записот ќе биде претставен наскоро, а како ќе изгледа тоа можете да видите од фотографиите во прилог.

Токсиколози на снимањето на новиот видео спот Токсиколози на снимањето на новиот видео спот Токсиколози на снимањето на новиот видео спотПодготви: Маринела Каранфилоска

Можеби ќе ве интересира: