Музика на кирилица

Трето па девојче, вчера се породи Елена Велевска

Изминатиот период на неколку наврати пишувавме дека познатата фолк пејачка Елена Велевска е трудна и дека нестрпливо го очекува своето трето дете, да, тоа и конечно се случи. Вчера наутро во клиничката болница “Аџибадем Систина” во 9.40 се породи Елена Велевска и на свет донесе девојче тешко 3.34 кг. и долго 50 см. Исто како и претходните породувања, и ова помина со царски рез. Велевска за естрадниот магазин Естрада плус по породувањето кратко изјави:

“Бог денес ми подари најскапоцен подарок за кој навистина вреди да се живее. Вербата во Бога и молитвата беа постојано во моите мисли и најпотребното оружје во ваквите моменти на страв. Ова беше прекрасен ден за мене. Операциониот зафат го направи д-р Снежана Тимчева на која јавно и ја изразувам мојата благодарност за одлично завршената работа и која би ја нарекла жена Шампион. Горда сум на фактот што по трет пат станав мајка и навистина сум најсреќната мајка”, изјавила Велевска. Редакцијата на музичкиот портал Музика24 и посакува брзо закрепнување и што побрзо враќање на музичката фолк естрада.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: