Валентина Ѓоргиевска – Парго победи на поп вечерта на “Канео фест 2017” (Аудио)

Македонска

Нашата колешка, новинарката Валентина Ѓеоргиевска – Парго, и од пред неколку години дел од македонската музичка сцена, победи на овогодинешното издание на летниот фестивал “Канео фест 2017” на поп вечерта. Таа со композицијата “Парче душа за тебе” чии текст го напиша Цане Трајчевски, а музиката и аранжманот Ристо Апостолов, ја освои првата награда од публика на поп вечерта на овој популарен и познат македонски фестивал кој секоја година традиционално се одржува во Охрид.

Ексклузивно за Музика24, Парго ја даде следната изјава:

“Многу голема благодарност им упатувам на Цане Трајчевски и Ристо Апостолов, како и на Васко Божиновски кој беше мојата сценска придружба. За оваа песна наскоро ќе се снима видео спот со светско режисерско име, а со македонско потекло”, изјави Валентина Ѓоргиевска – Парго за нашиот музички портал. Меѓудругото, додека на сцената настапуваше  нашата колешка, во публика како поддршка беше и познатата македонска поп пејачка Маргарита Христова и нејзината сестра Мелина.

Во продолжение со задоволство ви препорачуваме да ја преслушате најновата победничка песна “Парче душа за тебе”. Уживајте!

Подготви: Иван Јосимовски

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели