Валентино Скендеровски му се придружи на “ДНК”

Македонска

Македонскиот композитор, продуцент и музичар Валентино Скендеровски е новиот член на бендот на “ДНК”, дознава музичкиот портал Музика24. Скендеровски во “ДНК” ќе свири на клавијатури.

Инаку, Валентино Скендеровски важи за еден од најплодните македонски музичари, композитори и музички продуценти. Својата кариера ја започнува во 1980-та година и во периодот до 1986-та настапува со сите позначајни македонски групи како што се: “Берза”, “Мизар”, “Меморија”, “Кикс”, “Рок Систем”, “Уликс” и други. Соработувал со многу македонски изведувачи и бендови како: “Леб и Сол”, Каролина Гочева, Тоше Проески, “Анастасија”, Биба Додева, Владо Јаневски и многу други.

Подготви: Филип Етмишовски

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели