Вечерва “ДНК” со тројна промоција (Фото)

Панчо и Андреј или рнб двоецот “ДНК” и после полни 16 години присуство на домашната музичка сцена работат со несмален интензитет и секогаш водени од желбата да бидат уникати и единствени во она што го работат. Така е и овој пат – момците во еден ден ќе промовираат три работи:

  • Нов спот и нова песна; (станува збор за темата “Дијамант” која е со потписот на Панчо и Лазар Цветкоски)
  • Нов студиски материјал “The best off” и
  • ДВД од концертот одржан минатата година во Метрополис арената, а по повод нивниот јубилеен роденден – 15 години ДНК.

Ќе ни биде чест и задоволство доколку бидете присутни на овој за нас посебен ден, па “Што сака нека биде”, велат момците, додавајќи оти искрено веруваат дека сето спакувано ќе им се допадне на нивните фанови кои во сите овие години безмерно ги поддржуваат. Инаку, дел од албумот “The best off” се 22 веќе чуени теми, меѓу кои: “Авион”, “Стојам сам”, “Невозможна мисија”, “Пази се од мене”, “Таа тоа го крие”, “Полна месечина”, “Навлечен на тебе”, “Она е од Шутка”… и “Дијамант” како бонус трака.

Тројната промоција е закажана вечерва (28 мај). Настанот е со почеток од 20:30 часот, a ќе се случи во Парк хотел и спа.

Подготви: Андреја Андреевиќ

Повеќе на Музика24...