Виктор Апостоловски ќе ве научи што е битолски бон-тон (Видео)

Македонска

Неодамна поп пејачот Виктор Апостоловски ја претстави својата најнова песна што ја посвети на родната Битола, каде низ рима објаснува што е битолски “Бон-тон”. За разлика од повеќето рефрени посветени на градот на конзулите, овде акцентот е ставен на неговото маало – населбата Баир, како и на животот на младите што се повеќе се отселуваат, но со задоволство се враќаат во родниот крај.

Тој за локаните битолски медиуми вели:

“Песната ја направив минатата година, долго време чекав да дојде моментот кога ќе го заокружам целиот проект за да можам да го објавам во вистинско време и сметам дека сега е тој момент”, гордо изјавува Апостоловски. Рефренот кој што веднаш влегува во уво и е онака интересен и специфичен… Е тоа е Битола…

“Можеби немаме ни сон, ни аеродром ни авион, но секој има еден сон – да живее во својот дом! Немој да вреѓаш ни на сон, да не добиеш битолски бон-тон”, пее младиот битолчанец кој што како што и самиот вели во песната, многумина го паметат по првиот и единствен “Македонски Идол”. Комплетен автор на песната е самиот Виктор, додека пак видеото е реализирано со соработка со битолската Тера телевизија. Во истото се појавува Кумбата – препознатлив од скечевите на “Солза и смеа”, како и младиот You-тубер IB.

Погледнете и слушнете внимателно за каков бон-тон Виктор ви раскажува. Уживајте!

Подготви: Виолета Трајковска

 

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели