“Визија“ ќе настапи на “Егзит“

Македонска

Скопскиот рок бенд од алтернативната сцена “Визија“ следната недела ќе настапи  на големиот музички фестивал “Егзит“ во Нови Сад, Србија.

“Визија“  доби шанса за настап преку регионалниот конкурс [email protected]  на кој се пријавија повеќе од 450 бендови, а одбрани се најдобрите 33 изведувачи кои ќе имаат можност да ја претстават својата музика од 5 до 9 јули на Петроварадинската тврдина.
Предвидено е “Визија“ да настапат на  “Fusion“ стејџот.

Бендот го сочинуваат: Марко Џамбазоски на соло гитара и придружен вокал, Марко Гапо – вокал и ритам-гитара, Лилјана Јанкова – бас-гитара и придружен вокал како и Синиша Ѓорѓевиќ на тапани.

Подготви: Филип Етмишовски

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели