0

Владо Јаневски: Нема да се женам до крајот на животот

Македонска

Владо Јаневски го прекина медиумскиот молк, а на неодамнешната промоција на спотот за песната “Главен град на тагата” пред многубројните медиумски куќи изјави:

“Можеби изминатиов период бевте лути на мене, си велевте: Што му е на овој намќор, но јас навистина немав што да кажам. Сега кога славам 25 години кариера, “Авалон” продукција исто така слави 25 години, се подготвувам за два концерта, имам муабет со вас”, им се обрати Јаневски на новинарите.

Токму на Илинден, 2-ри август, тој ќе одржи концерт во Охрид во Античкиот театар, а на втори или на трети ноември ќе пее во Арената “Борис Трјаковски”. Расположен за разговор, тој самиот им се понуди на медиумите за изјави. Кантавторот на повеќе евергрини прозборе и за својот приватен живот.

“Ретко излегувам, повеќе сакам да седам дома. Ако порано ме гледавте по сите кафулиња и локали, сега веќе не е така. Се повлеков, убаво ми е и љубовниот живот сосема го запоставив. Немам девојка, не се вљубив, не се оженив и нема да се женам до крајот на животот. Јас не сум како Џорџ Клуни. Тој рече дека никогаш веќе нема да се жени, но не го одржа ветувањето. Јас ќе го одржам моето”, изјави Владо за порталот “Женски магазин”.

Подготви: Андреја Андреевиќ

Коментари

коментари

Leave a Reply

Your email address will not be published.

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели