Влатко Алексовски сними македонска верзија на познатата “Шушана” (Видео)

Македонска

Пред една недела фолк пејачот Влатко Алексовски сними спот на песната “Сузана” во продукција на ИН Продукција. Спотот се снимаше во Маврово, а специјална гостинка на спотот е поранешната мисица на Македонија 2013, познатиот модел Тина Спасеноска. Инаку, песната “Сузана” е верзија на големиот хит “Шушана” која всушност е стара Еврејска песна, а сега и во македонска верзија како “Сузана”.

Новиот спот на Влатко е вистински летен хит, а на тоа укажува големата посетеност на социјалните мрежи за многу кратко време, песната е на топ листи на многу радиостаници. Влатко најавува нов албум до крајот на месец август, веќе се снимени 4 песни, а главен продуцент на истиот е професор Игор Трајковски од Куманово, во чие студио “Тримеј” и се снима новиот албум на Влатко. До крајот на месец мај ќе биде снимен уште еден спот, но за овој проект Влатко не открива детали, бидејки како што вели, сака пријатно да ја изненади публиката.

Подготви: Редакција Музика24

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели