Музика на кирилица

Влатко Илиевски и Викторија Лоба го преработија хитот “Во парк” (Аудио)

Дали се сеќавате на “Студени нозе”? Да, можеби помладите ќе се запрашаат кои се тие и што се направиле на македонската музича сцена, но ние не би биле музички портал ако не споменеме дека токму тие со уште неколкумина во средината на 90-те беа најпознатите и најслушаните на македонската музичка сцена. Во друга прилика и во друга рубрика ќе посветиме многу повеќе внимание на тоа кое се тие и што се направиле на музички план. Една од многуте песни кои тие ги создадоа и отпеаја е познатиот хит кој и ден-денес се пее, а од пред некој ден доби и своја преработка.

Познатата наша поп музичка ѕвезда Викторија Лоба и поп пејачот Влатко Илиевски во соработка со Кристијан Габроски го направија и пуштија во македонскиот етер римејкот на песната “Во парк”, песна која што веруваме дека ќе биде хит во текот на преостанатиот период, а зошто да не и летен хит. Во продолжение преслушајте ја најновата преработка на песната “Во парк” за која наскоро се најавува и видео издание. Уживајте!

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: