Влатко Лозаноски снимаше видео спот во Кушадаси

Македонска

Влатко Лозаноски кој изминатиот период направи вистински бум со неговата најнова балада “Километри”, продолжува на големо да се подготвува за промоцијата и издавањето на новиот албум насловен “Десет”, а воедно со самото тоа и да ги одбележи и прослави 10-те години на македонската музичка сцена. Како што дознава музичкиот портал Музика24, Лозаноски со одбрана екипа деновиве во Кушадаси, Република Турција го снимаше видеото за нов летен хит кој наскоро ќе имаме прилика и да го чуеме и да го видиме.

Знаејќи што се нуди познатиот туристички град Кушадаси и со кој се убавини изобилува, воопшто не се сомневаме во тоа дека видеото како и самата песна нема да бидат едни од најгледаните во летото што ни следи. Промоцијата е закажана кон средината на месец јуни, а дотогаш преостанува само нестрпливо да ја очекуваме новата хит песна, како и новото видео.

Подготви: Александра Блажевска

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели