YouTube избриша илјадници македонски музички видеа

Македонска

Авторите на најпопуларните музички хитови во регионот одлучија повеќе да не ги толерираат македонските продукции и музичари кои без писмена дозвола нелегално ги преснимуваат српските песни и состават свои кавер верзии врз чија основа креираат кариера и заработуваат одлично. Имено, српската продукција Wave Entertainment до администраторите на YouTube доставила цела листа на видеа над кои поседува авторски права, а без писмена дозвола се преземени и преснимени од надворешни продукции и музичари.

“Веќе долго време ги толерираа нелегалните снимки кои доаѓаат од Македонија, но во изминатиот период зголемен е бројот на такви снимки кои се создаваат. Верувале или не, постојат продукции чија основна дејност е да продуцираат кавери и врз тоа да прават голема заработка од рекламите на YouTube. Официјалните податоци покажуваат дека илјадници евра се прелеваат на банкарските сметки на тие нелегални продукции, а авторите, оригиналните изведувачи немаат никаква заработка од тоа”, вели извор близок до продукцијата.

На нашето прашање во однос на авторските права, изворот тврди дека станува збор за нелегални материјали, а акцијата треба да претставува предупредување. Според него, продукциите подготвуваат групна тужба со која ќе ги остварат своите авторски права доколку и во иднина се објавуваат какви снимки.

“Се подготвува групна тужба преку која сите автори на овие материјали по судска постапка ќе ги остварат своите авторски права доколку и во иднина продолжи трендот на снимање вакви видеа. Знаете како, не можете да градите кариера и да заработувате илјадници евра од музика за која немате авторски права. Сите снимки за кои не постои писмено одобрување од авторите ќе бидат избришани. Ова е само почеток во борбата, допрва следуваат драстични мерки”, додава изворот.

Превземено од: Идол.мк

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели