Имам нешто да те прашам

На кафе со… Дарко Билбиловски (Фото)

Дарко Билбиловски е наш македонски фолк пејач со кој што деновиве екипата на Музика24 го пиеше утринско кафе. “Народот се збира”, “Свадба правам синот го женам”, “Свадба македонска”, “Ој, девојче, девојче” (преработка со Анета Мицевска Молика), “Кучково”… се само дел од мноштвото хитови и песни кој овој наш фолк пеач ги има отпано досега.

Што тој за Музика24 одговори, со кого, каде и кога го пие своето прво, утринско или денско кафе… прочитајте во продолжение.

Музика24: Ти благодариме што ја прифати поканата за кафе… Кажи ни како се чувствуваш наутро, на што прво помислуваш откако ќе се разбудиш?

Дарко: Наутро благодарам на Бог што сум жив и здрав во тековниот ден тоа најпрво, а потоа мислам како ќе ги подредам моите обврски во тековниот ден.

Музика24: Дали си зависник од утринско кафе? Дали и колку тоа ти помага да се расониш, поспремен да го започнеш денот и со поголема леснотија да ги извршуваш своите обврски?

Дарко: Не сум зависник од утринско кафе во ниту еден случај, не е исклучено да се напијам понекогаш, обично кафе на празен желудник не конзумирам.

Музика24: Дали понекогаш практикуваш дома да се напиеш кафе сам бидејќи си имал потреба или тоа го правиш исклучиво во друштво на твоите пријатели? Какво кафе преферираш?

Дарко: Го правам тоа во друштво во 99% од ситуациите. Кафето го користам како повод за видување со пријателите, роднините и за обавување на моите професионални обврски по однос на музиката.

Музика24: Какви се муабети паѓаат додека си на кафе со пријателите, за што најчесто зборувате?

Дарко: Разговорите најчесто се релаксирачки и по однос на целта за која сме дојдени на тоа кафе, кога велам релаксирачки мислам на шега, анегдота и се тоа за добро расположение.Дарко Билбиловски на снимањето на новогодишната програмна на австралиската македонска телевизија ИН ТВ

Музика24: Кажи ни нешто повеќе за твоите обврски во текот на денот? До каде си на музички план? Работиш ли нешто во моментот?

Дарко: Во моментов работам две нови песни, поточно едната е веќе готова, додека другата е во фаза на изработка и со неа најверојатно ќе конкурирам на претстојниот фестивал на народна музика “Цветници”. А веднаш потоа ќе се снимаат 3-4 видео спотови за новите, и за некои од постарите песни.

Музика24: Поради тоа што добро ги познаваш македонските изведувачи, кажи ни дали во некој во твоите колеги или колешки гледаш посебен потенцијал и со кој би сакал да соработуваш?

Дарко: Кога зборуваме за соработка јас веќе имам соработувано со наши афирмирани и еминентни пеачи, за пример ќе ја посочам Анета Мицевска од групата Молика која на сите нас ни е добро позната, потоа Сузана Спасовска која исто така е мој голем пријател и подржувач што се разбира е на мое и нејзино задоволство, а во оваа прилика сакам преку Музика24 да ги поздравам и двете мои пријателки Анета и Сузана.

Музика24: Кои се твоите планови и што си посакуваш да биде следен твој успех? Што се би направил, за да успееш во тоа, што си го замислил?

Дарко: Зацртано е, замислено е и ќе се оствари. Наскоро очекувам да одржам концерти во Америка и Австралија, таму каде има најмногу македонци, јавно и нив ги поздравувам во оваа прилика, а што се однесува до вториот дел на прашањето што би направил… хммм би направил она што е нормално, фер и нормално би се борел со квалитетни песни и настапи, се разбира со спотови и поголема присутност на македонскиот музички етер. Ете само тоа би го направил! хехехе (се смее).

Музика24: За крај што ќе им порачаш на нашите редовни читатели, воедно твои фанови и верна публика?

Дарко: Ќе им порачам едно, да веруваат во Бог и во себе, да работат на се она што го сакаат и така ќе успеат сигурно. Се она што го сакаш и му даваш значение и се разбира го опсипуваш со љубов и труд тоа е сигурен пат до загарантиран успех. Тука ќе се заблагодарам и на Вас како екипа, како музички портал Музика24 и секако на моите фанови. Од срце големо благодарам!

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: