На кафе со… Слаѓана Столевска (фолк пејачка)

На кафе со..

Музика24 ја продолжува рубриката и традицијата првото утринско кафе да го испиеме со некој од нашата македонска естрада. Таа е позната македонска фолк пеачка, зад себе има многу хитови, спотови, турнеи… Екипата на Музика24 ја имаше таа често своето утринско кафе да го испие токму со неа, познатата Слаѓана Столевска. Што поразговаравме со неа, прочитајте во продолжение…

Музика24: Ти благодариме што ја прифати поканата за кафе и што одвои време да го испиеме заедно првото утринско кафе. Кажи ни како се чувствуваш наутро, на што прво помислуваш откако ќе се разбудиш?

Слаѓана: Веднаш штом се разбудам прво помислувам на обврските што треба да се исполнат за тој ден, па дури се расонувам си правам планови за тој ден.

Музика24: Дали си зависник од утринско кафе? Дали и колку тоа ти помага да се расониш, поспремна да го започнеш денот и со поголема леснотија да ги извршуваш своите обврски?

Слаѓана: Да, зависник сум од кафе и тоа ми помага да го започнам денот, со отворени очи 🙂

Музика24: Дали практикуваш и дома да се напиеш кафе сама бидејќи си имала потреба или тоа го правиш исклучиво во друштво на твоите пријатели? Какво кафе преферира Слаѓана да се напие?

Слаѓана: Првото кафе сакам да го пијам со мојот сопруг (освен во ретки исклучоци како денес), инаку најчесто пијам турско кафе.

Музика24: Колку често одиш на кафе? Какви се муабети паѓаат додека си на кафе со пријателите, за што најчесто зборувате и дали кафето понекогаш е само изговор да се видиш со твоите пријателки, колешки?

Слаѓана: На кафе одам меѓутоа не толку често од обврските кои ги имам, инаку преферирам да пијам кафе во домашен амбиент во поопуштена адмосфера. Муабетите зависат во какво друштво сум, ако е мое блиско друштво тогаш лежерни муабети за се и сешто.

Музика24: Кажи ни нешто повеќе за твоите обврски во текот на денот? До каде си на музички план? Работиш ли нешто во моментот?

Слаѓана: По професија сум дипломиран менаџер по туризам и угостителство и работам во хотел. Добар дел од денот го поминувам на работа, а остатокот од денот на домашните обврски и музиката. На музички план, да спремам албум кој што треба да се заврши до мај.

Слаѓана СтолевскаМузика24: Поради тоа што добро ги познаваш македонските изведувачи, кажи ни дали во некој гледаш посебен потенцијал и со кој односно со која од твоите колешки би сакала да соработуваш?

Слаѓана: Соработувам со доста колеги и навистина ми е драго што ме прифатија убаво. Дел од песните ми се направени во соработка со Тони Биоритам, дел се со Орце Стефкоски, но исто и јас пишувам песни, па ќе искористам дел и од моите текстови во новите песни. Отворена сум за соработка, со сите колеги. Имам доста понуди за соработка, па ете можеби добар дел од нив ќе ги искористам. Не би двоела посебно некој, ама може и со колешка да биде таа соработка, зошто да не.

Музика24: Кои се твоите планови и што си посакуваш да биде следен твој успех? Што се би направила, за да успееш во тоа, што си го замислила?

Слаѓана: Моите планови оваа година се да го завршам мојот албум, да направам од него барем неколку песни кои ќе бидат запаметени, да направам неколку спотови. Да ја реализирам мојата турнеја за Австралија. За да ги реализирам моите планови секако треба да се потрудам и тоа добро, значи годинава ја започнав работно, но со задоволство затоа што ќе го работам она што од секогаш сум го сакала. Сето тоа ќе го направам со луѓето со кои соработувам.

Музика24: За крај што ќе им порачаш на нашите читатели, воедно твои фанови и верна публика? Можеби ќе им откриеш некоја мисла, по која и ти самата се раководиш?

Слаѓана: Па за крај ќе им посакам добро здравје оваа година и многу среќа и никогаш да не се откажуваат од тоа што го сакаат со срце и душа. Јас со музика почнувам еве да речам во поодминати години, имав доста коментари дека не треба да почнувам, дека ми е касно и сл. Но мојата желба за музика, упорноста и трудот мислам дека ќе се исплатат. И еве една порака или мисла која јас ја користам и со која се водам… Секогаш биди она што си… нема потреба од глума или маска, без разлика на своите мани и доблести човек треба секогаш да го прикажува своето право лице пред светот, на таков начин штом го прикажуваш своето вистинско ЈАС, народот тоа го чувствува и прима точно онака како треба. Поздрав и имајте позитивна мисла и позитивен ден, праќајте позитивни вибрации и такви ќе примате, ширете позитивна енергија ќе примате позитивна енергија… ќе привлекувате позитивни луѓе околу себе и имате успех во своите замисли. И никогаш не се откажувајте на малите порази, тие се само за да ви кажат дека ниту еден успех не е лесен ниту една победа не е лесна, мора да минете многу препреки и порази додека стигнете на врвот на своите замисли.

Интервјуто го подготви: Виолета Трајкоска

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели