Легендарната македонска рок група „Архангел“ после долго време објави нов сингл. Новата песна „Пинокио“ беше најавена пред околу 2 години на нивниот настап на фестивалот “Таксират“.
Комплетен автор на песната е фронтменот на „Архангел“ , Ристо Вртев. Сценарист и режисер на спотот е неговиот син Иван Вртев, а во спотот се појавуваат актерите Петар Стевановиќ, Славен Арсовски и Иван Вртев како Пинокио. Иван Вртев е познат на македонската јавност по неговата улога во филмот „Кога денот немаше име“ на Теона Стругар Митевска.
Подготви: Филип Етмишовски