Премиера

24 Промо: ДНК – “Само таа знае како” (Видео)

Во продукција на Томато, денеска на својот You Tube канал македонската поп-рнб група ДНК го промовираше новиот видео спот за песната “Само таа знае како”. Песната е дело на Лазар Цветковски и Панчо кои заедно се потрудија оваа песна да звучи онака како што звучи, одлично и светски, додека финалниот мастеринг го работеше лондонското Метрополис студио кое го долови она што досега ретко која песна го има во себе.

DNKШто се однесува до видео спотот, динамичен, со испреплетена љубовна приказна која на моменти е и малку чудна, интересен спот кој веруваме ќе ви се допадне и ќе се најде на топ листите низ многуте македонски тв станици.

А во продолжение, ви предлагаме да го погледнете најновиот видео спот на ДНК за девојката која што само таа знае како…

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: