0

24 Промо: Драгана Мирковиќ – “Само ми је добро” (Видео)

Промо

И не помина многу откако пишувавме за снимањето на новиот видео спот на Драгана Мирковиќ и таа како да ги послуша своите верни фанови и едноставно побрза да го спакува и што побргу да го промовира. Вчера на својот YouTube канал, познатата и популарна балканска пејачка Драгана Мирковиќ го промовираше нејзиното најново видео за песната “Само ми је добро”, кое што освен во Србија снимано е и во уште неколку познати европски земји.

А што изјави Драгана за време на снимањето прочитајте во продолжение:

“Спотот е сниман во Италија, во Франција, на Монт Блан, а дел од видео спотот е снимен во Белград и еве не сега во една ноќна варијанта, во природа. Многу локации и многу сум задоволна и веќе имам во глава како сакам сето тоа да изгледа, едвај чекам. Ветувам дека овој видео спот ќе биде сосема поинаков од оние кои досега ги објавувавме”, изјави Драгана Мирковиќ за телевизија ДМсат.

Интересно за нас е тоа што во дел од снимањата кои што се случуваа во Белград свое учество имаше и нашиот популарен пејач и учесник во многуте музички шоу-а Адам Лабунски, кој што претпоставуваме исто така е дел од големата армија на фанови на оваа позната балканска пејачка.

За да не должиме многу, премиерно погледнете го новиот спот “Само ми је добро” на Драгана Мирковиќ.

Подготви: Александра Блажевска

Коментари

коментари

Leave a Reply

Your email address will not be published.

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели