Премиера

24 Промо: Фидбек бенд – “Влези во мојот живот” (Видео)

Музичкиот состав Фидбек бенд го промовира својот најнов видеозапис за третата по ред студиска песна која го носи насловот “Влези во мојот живот”, а зад неа се потпишуваат Огнен Неделковски (текст) и Милан Стефановски (музика и аранжман). Песната “Влези во мојот живот” е снимена во студиото на Кларион Продукција, додека за видеозаписот беше задолжена екипата на Арт Студио.

Музичкиот состав Фидбек бенд е составен од пет музичари во комплетен вокално-инструментален состав и тоа: Јане Славов (вокал), Игор Гудески (тапани), Томислав Димовски (соло гитара), Бобан Клењоски (клавијатура и вокал) и Стефан Петрушев (бас гитара). Официјално постојат од 2009-та година, а за сите овие години можат да се пофалат со настапи на голем број свадбени прослави, матурски вечери, настапи во најпознатите дискотеки од сите градови во Република Македонија.

Подготви: Дениза Илиевска

Можеби ќе ве интересира: