24 Промо: “Главен град на тагата” – Владо Јаневски (Видео)

Промо

Познатиот македонски пејач Владо Јаневски вчера го промовираше видео спотот за песната насловена како “Главен град на тагата”. Автор на музиката и текстот е самиот Владо Јаневски, аражманот е на Роберт Билбилов, а продукцијата на Дарко Димитров.

Спотот за песната кој е снимен минатиот месец во Скопје го режираше Бане Поповиќ, а како и вообичаено Јаневски не се појавува во спотот. Покрај неколку девојки во спотот се појавува и Дунавка Трифуновска.

“И покрај насловот “Град на тагата” песната, во себе носи убави и позитивни емоции. Тоа е една урбана приказна, спакувана во ведар спот”, изјави Јаневски за медиумите. Како што веќе објавивме по повод 25 години кариера Владо Јаневски ќе одржи концерт во Охрид  на 2-ри август.

Подготви: Филип Етмишовски

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели