Премиера

24 Промо: Гуру Хари и Нокаут – “Ти си таа” (Видео)

Во пресрет на големиот концерт што ќе им го организира нивната некогашна матична куќа Авалон продукција, закажан за 27-ми октомври во СРЦ “Кале”, момците од Нокаут продолжуваат со работа на нов материјал, па откако ја објавија соработката со Игор Џамбазов за темата “Што бараш ти во мојата песна”, на ред дојде гостувањето во новото музичко парче на уште еден долгогодишен пријател на бендот – Гуру Харе.

Оваа одлична соработка веднаш ќе им влезе в уво на слушателите, а сигурни сме дека особено ќе им ги разубави претстојните летни денови. Игор Атанасоски – Харе е автор на музиката и текстот, додека аранжманот и продукцијата се на лидерот на Нокаут, Никола Перевски – Пере, а и двајцата музичари освен што пеат, свират и на гитара (Харе), клавир и на перкусии (Пере). Придружните вокали се на Михаела Перевска – Миа, Трајко Симоновски – Таци гостува на бас, Бојан Перевски на усна хармоника, а миксот и мастерингот се направени во студиото “Тралала”. Сето тоа, во форма на краток филм, визуелно го долови режисерот Јован Куциновски, раскажувајќи една мошне инспиративна приказна…

За што поточно станува збор, погледнете во продолжение.

Подготви: Дениза Илиевска

Можеби ќе ве интересира: