24 Промо: Кали – “Ти ми заде се” (Видео)

Неодамна Калина Велковска – Кали го издаде својот прв соло сингл, а воедно истиот го промовираше и со видео спот. Песната “Ти ми заде се” е комплетно авторско дело на познатиот продуцент и композитор Александар Масевски, видеото го реализираше Александар Ристовски – Принц, додека пак кореографијата во видео спотот ја подготвија Јана Петровска и Ивана Балабанова од Beatrix Crew, за да изгледа видеото онака како што изгледа се потрудија и Еми Норис со својот накит, како и Зорица Николова која се погрижи за шминката и фризурата.

Инаку, во своето богато портфолио Кали како вокалист застапува многу различни бендови со жанровски различни стилови на музика, за прв пат запливува во меjн стримот како вокалист на песната “Ти си насекаде” во соработка со саксофонистот Горан Папаз и композиторот и продуцент Александар Масевски. Специфичноста на нејзиниот вокал и интерпретација го инспирираат всушност и овој нејзин прв соло сингл. Во продолжение уживајте во првото видео парче на Кали за песната “Ти ми заде се”.

 

Подготви: Влад Петров

Повеќе на Музика24...