Премиера

24 Промо: Теа и Панчо ДНК – “Рушевини” (Видео)

Се чини дека нејзиното време допрва доаѓа. По дипломирањето на Музичката академија, Теа одлучи комплетно да и се посвети на музичката кариера. По “Ехо”, “Доста глумиме”, “Можеш ли без мене”, “Ми треба малку време” следни одличната нова песна насловена “Рушевини” за која што се снимаше и видео спот во соработка со Томато продукција.

Текстот на песната е на Теа и Панчо, а музиката и аранжманот се на Лазар Цветковски. Ова е прва соработка меѓу Теа и Панчо, а резултатот останува да го слушнете самите. Со “Рушевини” Теа го најавува и својот прв албум кој треба да излезе оваа година. Спотот беше сниман во студиото на Томато продукција, а Теа и Панчо одлично се забавуваа за време на снимањето во опуштена и релаксирана атмосфера.

Во продолжение, погледнете го новиот видео спот на овие двајца познати македонски музички артисти.

Подготви: Виолета трајковска

Можеби ќе ве интересира: