24 Промо: Теа – “Пекол” (Аудио)

Промо

“Пекол” е насловот на новата песна која што младата и веќе препознатлива поп пејачка Теа ја промовираше на својот YouTube канал. Интересна, певлива, разиграна и пред се моредна песна како што и доликува на оваа млада македонска поп пејачка. За во врска со оваа песна, на својот Фејсбук профил напиша:

“Пекол” ја имаме веќе 2 години, ама изгледа требаше да завршат пеколните денови за да излезе во интернет просторот”, напиша Теа на социјалните мрежи, притоа заблагодарувајќи се на својата екипа која што ја создаде и е дел од ова ново музичко парче. Задолжени и овој пат за оваа одлична песна се Лазар Цветкоски и Магдалена Цветкоска-Ена.

Во продолжение додека и не се сними и не се промовира официјалниот видео спот, преслушајте ја новата песна на Теа.

Подготви: Марија Поповска

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели