24 Промо: Viko – “Dear diary” ft. Breana Marin (Аудио)

Промо

Младиот музичар од Штип Виктор Пецов алијас Вико, целиот живот го минува со музиката, а неодамна реши да направи нешто свое по кое, како што вели, ќе го препознаваат и се надева дека тоа ќе го постигне со ова негово прво музичко дело.

Продуцентот од кој што ја добил матрицата е познат под прекарот Мантра, а девојката со која заедно го исполнуваат ова дело се вика Бреана Марин. Вико, таа и Мантра соработувале преку интернет. Текстот хармонијата и мелодијата во песната се на Вико. За миксот, мастерингот и снимањето на песната бил задолжен Мики Миноски – Иноматик, а истата е реализирана во неговото студио.

“Би сакал да кажам дека ова е само мојот почеток”, вели Вико кој промовирајќи ја песната на медиумите наскоро најавува уште многу нови и оригинални теми, а како звучи неговото првенче можете да слушнете во продолжение.

Подготви: Дениза Илиевска

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели