24 Промо: Здравко Чолиќ – “Шљиве су родиле” (Видео)

Промо

Најавувајки го петнаесетиот албум во својата кариера, Здравко Чолиќ со голема радост го претставува својот нов сингл “Шљиве су родиле”. Во оваа песна за прв пат соработува со Дејан Петровиќ, кој се појавува во две улоги: како гостин со својот Оркестар и како коаранжер на нумерата. Текстот и музиката се со потпис на Златан Фазлиќ, аранжманот е на Никша Братош и Дејан Петровиќ, а режијата, како и за неколку претходни спотови така и сега, Чолиќ ја доверува на Александар Керекеш Кеки.

“Додека го работевме демото, Никша рече дека во песната добро би се вклопиле трубачи и тоа за мене беше како сигнал за Деки, кој е најдобар трубач на овие простори, заедно со неговиот светски бенд. Тој ја прифати поканата и смисли делови кои за мене се рокенрол. Рефренот е двојка, за некого е противпожарна , а за некој наш рокенрол”, изјави Чолиќ.

Кеки, Здравко и екипа од повеќе од 50 соработници, по тридневното снимање не можеа да ја сокријат воодушевеноста од прекрасниот амбиент во кој пресстојувале. Без посебна драматургија, спотот беше снимен на еден војводински салаш на кој живеат дваесетина девојки. Дрвото на кое растат јаболки, круши, дуњи, процвета, па почна да раѓа богатство од сливи. Тогаш бликнува среќа, се оживува, а девојките со радост им се посветуваат на домакинските работи.

“Ова не може да се нарече снимање, повеќе станува збор за чист хедонизам за сите нас… уживање кое ќе го паметиме многу долго. Желбата беше да ги потсетиме постарите генерации, а новите да ги запознаеме со сликата од времињата кои го обележаа нашето детство. Да прикажеме романтика од животот на нашите баби. Географски не се ограничувавме, сакавме се да изгледа интернационално. Затоа костимите ги набавивме директно од минхенскиот Октоберфест, а реквизитите од музејот за автомобили од Америка. Само убавите девојки се од тука, домашни”, раскажува режисерот Кеки.

Веруваме дека ова бајковито и емотивно враќање во времето ќе задржи насмевка на лицата и ќе побуди уште поголема љубопитност до декември, кога се очекува да излезе долго очекуваниот албум на Здравко Чолиќ. Песната е снимана во Студио “RSL”, Ново Место, Студио “NB”, Загреб и во студиото на Дејан Петровиќ “DPBB”.

Подготви: Редакција Музика24

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели