Боби Павловски пееше за својата најголема и најболна “Рана” (Видео)

“Рана” е најновото музичко остварување на пејачот Боби Павловски, кој и овој пат ја продолжи соработката со еден од нашите најдобри хит-мејкери, Лазар Цветковски. Станува збор за една прекрасна нумера во која како што вели Павловски, ќе уживаат и млади и стари.

“Нема да бидам скромен и ќе кажам дека ова е песната за која ние музичарите ќе кажеме – тоа е тоа. Уште кога го слушнав демото, му реков на Лазар дека песната е моја и без да размислувам многу влегов во студио и ја снимив”, накусо изјави Боби. Оваа најнова песна на Павловски доби и видеоспот во кој се појавува преубавата србинка Бојана Бојаниќ, инаку Мис на Србија и една од најубавите девојки во регионот, а како режисер на истиот се потишува Дејан Георгиев – “Арт Студио”. Спотот е снимен на повеќе локации, а повеќето од кадрите беа снимени во еден познат скопски хотел. Интересно е тоа што покрај Бојана во видеото се појавува и американецот Девон Деитерс, инаку маринец по професија.

Во продолжение погледнето го новото видео на Боби Павловски. Уживајте!

Подготви: Марија Поповска

Повеќе на Музика24...