Премиера

Дарко Ивановски (Daz Flow) Ви ја претставува “Разделба” (Видео)

“Разделба” е новата песна на младиот музичар Дарко Ивановски познат во јавноста како Daz Flow. Ова младо момче овој пат ни ја претставува својата нова хип-хоп/rn’b балада. Зад оваа песна стои мала екипа меѓу кои можеме да го споменеме и познатиот поп пејач Дарко Илиевски кој за оваа нумера помогна во аранжирањето, како и во комплетната продукција. Освен Daz Flow, во новата негова песна како вокал може да ја слушнеме и Евгенија Чанчалова која дава посебен звук и ја прави песната комплетна.

Видео спотот кој рака на срце не е луксузен, е одлично подготвен од страна на Гордан Божиновски, каде освен песната, можете да го видите и текстот на истата и доколку Ви се допаѓа, секако, да биде Вашиот иден хит. Во продолжение, Ви предлагаме да ја преслушате новата песна на младиот Daz Flow…

Подготви: Андреа Андреевиќ

Можеби ќе ве интересира: