DJ Kortexx и Симеон Коруноски го снимија летниот хит “Don’t You Know” (Видео)

Неодамна познатиот битолски DJ и продуцент Кортекс заедно со младиот и популарен поп пејач Симеон Коруноски го снимија новиот потенцијален хит за ова лето насловен “Don’t You Know”, кој што воедно претставува и прва соработка помеѓу овие двајца познати македонски музичари.

“Идејата за песната ја добивме пред скоро година дена. Бевме во работна атмосфера, па работејќи на една од моите песни, посакавме да создадеме нешто ново и модерно. Ја продолживме и ја разработувавме идејата, па на крајот се случи магијата. Гласот на Симеон совршено се вклопуваше со емоциите на песната и одлучивме да ја завршиме и да издадеме една страсна љубовна приказна каква што е сега”, изјави познатиот DJ и продуцент, додавајќи дека меѓусебната соработка им помогнала појасно да ги согледаат нештата околу себе и да изградат цврст пријателски однос.

Идејата, мелодијата и аранжманот на песната се дело на Константин Марковски – Кортекс, додека вокалот и текстот се на Симеон Коруноски, а проектот студиски е потпомогнат од македонскиот продуцент Дарко Димитров.

“Уште од почетокот, подготовката на песната течеше одлично со прекрасна соработка меѓу мене и Симеон. Наидовме на голема поддршка од странски и македонски продуценти, во однос на позитивна критика. Песната претставува спој на уметност и емоции, што им ги полни срцата на слушателите”, додава Кортекс. Со на моменти прогонувачката мелодија на Кортекс и трепеливиот вокал на Коруноски, кој одлично ја доловува емоцијата на стиховите, оваа соработка е вистински погодок за младите музичари. Сето тоа спакувано со текстуалната визуализација на Дарко Лековски и продукцијата “Дримкаст”.

Во продолжение ви предлагаме да ја преслушате најновата песна “Don’t You Know”, а воедно и да го погледнете неофицијалното лирик видео за истата. Уживајте!

Подготви: Дениза Илиевска

Повеќе на Музика24...