“Eye Cue” Ви ја претставува новата “There’s a chance” (Аудио)

Промо

Македонскиот популарен вокално-инструментален бенд “Eye Cue”, во текот на вчерашниот ден на музичкиот интернет канал You Tube, на јавноста им ја престстави новата песна, петта по ред од необјавениот втор албум “There’s a chance”. А досега, тие зад себе ги имаат сингловите “Не заборавај”, “Иста патека”, “Сон” и “Боби баш ми е гајле”. Музиката, текстот и аранжманот за новата песна се дело на Бојан Трајковски, додека истата е снимена во студиото “Music House”.

Додека чекуваме да излезе нивниот втор албум по ред, кој е најавен за оваа година, Ви предлагаме да ја слушнете нивната најнова песна “There’s a chance” за која што наскоро е најавено дека ќе се снима и видео спот.

Подготви: Маргарита Робевска

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели