Јоце Панов објави нова песна и спот (Видео)

Промо

Пејачот Јоце Панов деновиве ја промовираше својата нова песна насловена како “Вирус” за која сними и видеозапис. Песната која ја издава продуцентска куќа “Сити Рекордс” е авторско дело на Горан Јовановиќ кој се потпишува на текстот, музиката и аранжманот. Проектот се снимаше во студиото “Анастасија”, а за комплетното музичко дело беа ангажирани Љупчо Павловски (аудио обработка), Таир Аљуш (виолина), Трајче Ставревски (бузуки), Ставре Ставрев (тапани и перкусии), Дарко Тасев (акустична и електрична гитара), Никола Автовски – Авто (бас гитара). Пратечките вокали ги отпеаја Јоце и Сара.

Видеозаписот е снимен во 4к резолуција на неколку локации во Грција под режисерската палка на Дарио Јанковиќ, а во него се појавува и манекенката Ангела Ставреска од модното студио “Црнокрак”.

Подготви: Редакција Музика24

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели