Калиопи својот роденден го прослави со нова песна и видео спот (Видео)

Денес нашата позната македонска пејачка Калиопи го прославува својот 50-ти роденден и Калиопи не би била тоа што е ако за својот роденден на подготви изненадување и за сите останати, нејзините фанови и обожаватели. Токму по тој повод, денеска таа ја промовираше најновата песна “Роденден”, а воедно и видео спотот за истата. Песната е на српски јазик, а во многу блиска иднина ја очекуваме и македонската верзија. Како и во изминатиот период, така и овој пат комплетно за новата песна на Калиопи се погрижи Ромео Грил, а за тоа како изгледа нејзиното ново видео, погледнете во продолжение.

Подготви: Виолета Трајковска

Повеќе на Музика24...