Премиера

Креативен видеоспот на The Hounds за песната “Заминувам од овде” (Видео)

Алтернативниот панк-рок состав The Hounds изработија видеозапис за песната “Заминувам од овде”. Текстот е на Леана Таќи, а аранжманот и продукцијата на Јордан Манов. За креативниот видеозапис за оваа нумера се погрижија момците Филип Ѓорѓиоски и Петар Аврамоски од визуелната лабораторија “Tone Bandits”. Видеозаписот е снимен на повеќе градски локации, а протагонистка во оваа приказна е Ева Антулеска.

“Ова е наша последна песна од првиот албум, воедно последна авторска музика за 2018-та година, но ветуваме дека за втор албум нема да чекате уште една декада”, изјави фронтменот на бендот Златко Карчески. Бендот The Hounds постои од 2008-та година, кога момците едноставно одлучија дека сакаат повеќе да се посветат на својата авторска музика, отколку на каверите. Оттогаш, покрај многуте клупски и фестивалски настапи низ целата земја, тие посветено работат на квалитетен авторски материјал.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: