Премиера

Либеро Бенд се враќаат со нов сингл “Ќе се променам“

Иако сеуште се хит со претходната композиција “Чекај ме” тие не запираат во ново балканско руво се враќаат со нов сингл кој носи наслов “Ќе се променам”, а е авторско дело на Јован Јованов. Како и да е, како новогодишен поклон за нивните фанови полека го подготвуваат нивниот деби албум кој се очекува да излезе наскоро, но како што велат за самите себе, тие се скромни во нивната музичка кариера која ги одбележа како најбаран бенд низ цела Македонија.

Воедно новогодишната ноќ ќе ја поминат во Струмица, поточно во Селект заедно со фолк ѕвездата Сузана Гавазова каде ветуваат добра забава за сите присутни. Во продолжение, уживајте во новото видео и сингл за кој и самите препорачуваат време е и вие да се промените.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: