Нова песна и видео спот на Пепа Димитрова – “Не ми е срам” (Видео)

Промо

“Не ми срам” е насловот на новата песна на Пепа Димитрова во соработка со Роберт Билбилов кој се јавува како композитор и aранжер, додека текстот е дело на Огнен Неделковски. Песната “Не ми е срам” e доказ дека доколку нешто силно и вистински посакуваш во животот нема сила која може да те запре. Донекаде автобиографска го покажува ставот на Пепа за нејзината љубов кон музика, за двоумењето и внатрешната борба, борба сам со себеси и борба со видувањето на општеството за нејзината определба да започне да пее на македонската естрада.

Видео спотот се снимаше во МНТ – Македонски Народен Театар во него покрај Пепа која е претставена како самовила во својот сон, учествуваат и два танчери од студиото Break A Leg, три прекрасни девојчиња меѓу кои е и нејзината ќерка Елена, како и една голема риба во мал аквариум. Самото видео ја надополнува песната и ја преставува борбата на Пепа, врзана и опколена од своите стравови, желби и мечтаења, силата и истрајноста кои се потребни за реализација на своите соништа, девојчињата кои истотака се појавуваат во видеото ја симболизираат Пепа во младоста, големата риба во мал аквариум и златен кафез се само дел од симболиките на визуелизацијата на ова дело.

Видеото е изработено од Енигма Продукција, режисер е Дарко Масларковски, зад камерата Кристијан Теодоров, додека монтажата е на Жарко Масларковски, пост продукција и ефекти Енигма Солушн.

Подготви: Марија Поповска

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели