Нова песна и видео спот од Александра Јанева (Видео)

Промо

Поп пејачката Александра Јанева го објави својот нов сингл “Ќе се вратам некој ден”. Автор на музиката е Панче Касапски, а аранжманот и продукцијата се на Иле Спасев. Текстот на песната го напишаа Панче Касапски и Огнен Неделковски. Песната и видео записот беа премиерно поставени на официјалниот YouTube канал на Јанева.

“Со авторскиот тим и дадовме многу време на оваа песна, ја менувавме, ја засакувавме одново и одново и се радувам што токму со неа се враќам меѓу вас”, вели Александра Јанева. Видео продукцијата е на Rewind production, односно, Ѓорги Вацев кој соработуваше со Јанева и на видео-записот за “Зошто баш ти”.

“Ќе се вратам некој ден” е нејзин прв сингл годинава по неколкумесечна пауза. На радост на нејзините поддржувачи пејачката најавува нова летна тема за наредниот месец. Во продолжение, погледнете го новото видео од Александра Јанева.

Подготви: Влад Петров

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели