Премиера

Поп пејачката Мијата со нова песна и видео спот (Видео)

Конечно, македонската поп пејачка Мијата промовираше нова песна и видео спот. “Домаќинска” е насловот на новата песна, чии текст и музика се на самата Мијата, додека пак аранжманот и продукцијата на Петар Димитровски. Оваа песна е снимена во студиото: “Welcome to Stefanija’s Music Worl”. Во спотот учествуваат и: Катерина Илиоска, Стефанија Милевска, Ангела Здравковска. Снимањето на спотот се одвиваше во студиото на Универзитетот за аудиовизуелни уметности – ЕСРА предводено од проф. м-р Милчо Узунов заедно со студентите по филмски уметности. Инспирација за песната, пејачката добила додека виткала сарми со свекрвата и пријателките за домашната слава. Во продолжение, погледнете го видео записот за оваа”домаќинска” песна.

Подготви: Влад Петров

Можеби ќе ве интересира: