Covers

“Рано е да се врзам” во акустична верзија од “4G” (Мартин Вучиќ)

Досега сме имале прилика да слушнеме многу изведби од познати изведувачи кој биле претставени во ковер верзии но факт е дека композицијата “Рано е да се врзам” од Мартин Вучиќ нема добиено своја друга верзија па благодарение на новоформираниот бенд “4G” кој постои 2 месеци се потруди да му даде нов сјај и да ја возобнови легендарната песна која е сеуште хит кај публиката.

“Ја избравме оваа композиција бидејќи е лесно певлива, а воедно е и добра да се изведе со акустични инструменти кој би биле прикладни за самата песна”, изјави Филип кој е член во самиот бенд.

А во продолжение, уживајте во изведбата на овој феноменален состав кој штотуку полека се пробива на македонската музичка естрада.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: